Спречен шверц на 50 штеки цигари

Спречен шверц на 50 штеки цигари што грчки државјанин ги купил на фри-шоп и без да ги пријави сакал да ги внесе во РС Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 85.900 денари при што вкупните царински давачки коишто лицето сакало да ги избегне изнесуваат 60.900 денари, извести Царинската управа.

Zito akcija 640x289px

Царинските службеници штеките цигари ги открија во фабричките шуплини зад тапацирот на задните врати од возилото со кое патувал грчкиот државјанин, додаваат од Царинската управа.

Agria

Штеките со вкупно 10.000 цигари се одземени, а против лицето е поднесена прекршочна пријава.

Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.

Можеби ќе интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: