Викендов ќе се играат натпреварите од второто коло во Втората кошаркарска лига. Сите натпревари ќе се одиграат денес, освен оној во Велес во кој Борец Баскет ќе го пречека составот на МКК Куманово, ќе се одигра утре со почеток од 15 и 30 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани ќе имаат тежок натпревар, бидејќи според досегашните информации и резултати, екипата на МКК Куманово, засилен со Марин Докузовски, влегува најсериозен кандидат во трката за двете места кои водат во повисокиот ранг на натпреварување.
Содржината продолжува под рекламата
Во првото коло Борец Баскет го совлада Работнички 2018 на гостински терен со 82:75, додека МКК Куманово го декласираше Тетекс со високи 100:66.
Можеби ќе ве интересира: