Реклама

(ФОТО) Ни „Д“ од дерби, Бисинов Фруитленд го совлада Металург РА

Bisinov Metalurg RA

Велешшката публика полека се враќа на ракометните терени, а составот на Бисинов Фруитленд им врати со висока победа против екипата на Металург РА со 37:27.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Пред натпреварот и двете екипи имаа идентичен скор на табелата, па затоа го понесе епитетот дерби. Но велешани ги покажаа своите квалитети и зошто се вбројуваат во фаворити за влез во Супер ракометната лига.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Гостите успеваа да парираат резултатски до 20 минута кога резултатот беше 9:8, но потоа направија неколку грешки во нападот и пробивања. Сето тоа Бисинов Фруитленд вешто го искористи и на полувреме се замина со 21:12.

Во вториот дел велешани умешно ја чуваа својата предност, која на моменти изнесуваше и плус 14. Ивица Илиев одново имаше одличен натпревар со постигнати 14 погодоци. Кај гостите од Скопје најдобри стрелци беа Стефан Крстески и Коста Николовски со по седум гола. Во следното коло одново тежок испит за Бисинов Фруитленд, гостуваат кај минатогодишниот суперлигаш, и еден од конкурентите за освојување на првото место, екипата на Радовиш.

Можеби ќе ве интересира: