Големи три бода освои екипата на Превалец на гостувањето во Кривогаштани. Во дербито на колото велешани го совладаа домаќинот Младост со 2:0.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелци на головите за Превалец беа Ангел Гаштев, Пеце Стојанов. По пет одиграни кола Превалец е на делба на пвото место на табелата со Борец. А веќе во недела истите екипи ќе ги одмерат силите на стадионот во Превалец.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари Големо Коњари ја совлада Марена со 2;1, Росоман ги освои бодовите во Градско совладувајќи ја Локомотива со 3:2, Бучин загуби на домашен терен од Слога Лажани со 2:3; а ова коло Ултрас беа слободни.
Можеби ќе ве интересира: