Кеги Моби со пресврт ги освои бодовите на гостувањето во Липково против екипата на Карадаку. По првиот дел губеа со 4:1, но со поангажирана игра во вториот дел дојдоа до победа од 5:7.
Содржината продолжува под рекламата
„Остваривме тоа што планиравме но секогаш во наш стил, на потешкиот начин отколку на полесниот. Можевме уште од самиот старт да ја олесниме работата со многуте шанси но како и по обичај првиот дел им го поклонивме на противниците и губевме со 4:1. Второ полувреме видно разбудени со мотив за победа и потребата за првите 3 бода го донесоа натпреварот во наша корист и да си дојдеме дома со полн плен“, изјави Кирил Ивановски од Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Кочанскиот брз воз Иван Стојчев со хет трик беше иницијатор на победата за Кеги Моби. Стрелаа уште Адил Адиловиќ, Ристовски Христијан Пикси, Зоран Трајков и Петар Левков . Следениот натпревар на Кеги Моби е на домашен терен против екипата на КМФ Бутел од Скопје која овоа коло загуби на домашен терен од КМФ Железарец.
Можеби ќе ве интересира: