Пожар беснее меѓу селата Муматчево и Милино

Pozar Bruseani Kavadarecko
Pozar Bruseani Kavadarecko

Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ  и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина  Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња.

Zito akcija 640x289px

Поради силниот ветер што дува непрекинато тешко е неговото гаснење, од страна на вработени  од Пожарната  единици од Велес и Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес и пожарникари од Свети Николе и вработени од Шумското стопанство „Шумарство“ од Свети Николе.

Agria

– Засега поради силниот ветер во неговото гаснење не можат да се вклучат воздухоплови, информираат за МИА од Центарот за справување со кризи од Велес.

Тие информираат дека засега нема опасност од пожарот да зафати куќи од овие две села во Овчеполието.

Во гаснење на пожарот се вклучени 15 пожарникари со три возила од ТППЕ Велес, пет вработени од Шумското стопанство „Бабуна“Во гаснење на пожарот вклучени е и екипа на Пожарната од Свети Николе и екипа од вработени од Шумското стопанство„Шумарство“ од Свети Николе.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: