Квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Шведска за пласман на ЕВРО 2024 во Брисел синоќа беше прекинат на полувремето поради терористичкиот напад во белгискиот град.
Најпрво фудбалерите на двете селекции, откако дознале за теростичките напади, одбиле да излезат на терен во второто полувреме, а потоа и делегатот од УЕФА, поради безбедносни причини, одлучил натпреварот да биде прекинат.
Навивачите долго време беа предупредувани да останат на стадионот и да не го напуштат истиот, а нивната евакуација почна дури доцна во ноќта.
Полицијата речиси пет часа по прекинот на мечот решила да ги извлече фудбалерите и навивачите од стадионот и сето тоа изгледало како огромна воена операција, затоа што напаѓачот се уште не е пронајден.
За потсетување, напаѓачот со потекло од Тунис, се идентификувал како член на ИСИС, убил двајца шведски навивачи кои се возеле во такси, а додека пукал извикувал „Алаху акбар“.
Two people wearing Sweden shirts have been shot dead in Brussels just ahead of Sweden’s football game against Belgium. pic.twitter.com/rC7iVFZ2O0
— Ashok Swain (@ashoswai) October 16, 2023
Можеби ќе ве интересира: