Септемвриската инфлација на годишно ниво се симна на 6,6 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Тоа се уште е далеку од посакуваниот праг од 2-3 проценти, за кој економистите велат дека е развоен.
Содржината продолжува под рекламата
Особено ако се земе предвид дека во септември 2022 во однос на септември 2021 година имавме инфлација од дури 18,7 проценти. Додека, пак, во септември 2021, од кога почнаа првите знаци на високата инфлација, трошоците за живот се зголемиле за 3,7 проценти во однос на септември 2020 година.
Содржината продолжува под рекламата
Преведено во апсолутни бројки – значи дека тоа што сме можеле да го купиме за 1.000 денари во 2020, во 2021 чинело 1.037 денари, во септември 2022 било 1.230 денари, а во септември годинава веќе добило цена од 1.310 денар, пресмета порталот Пари. Односно, во период од 3 години трошоците за истите производи се зголемиле за 31 процент.
Целиот текст можете да го прочитате на овој линк https://pari.com.mk/pari-presmeta-ona-sto-pred-3-godini-go-kupuvavme-1000-denari-vo-septemvri-cini-1310-denari/
Извор на веста: pari.com.mk
Можеби ќе ве интересира: