Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишија од слобода 61 годишен кавадарчанец кој се сомничи дека физички го нападнал директорот на претпријатието во кое работел.
Содржината продолжува под рекламата
„На 17.10.2023 во 15.40 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Т.Ѓ.(61) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во текот на денот, на работното место физички го нападнал Ј.Н.(62) од Кавадарци, директор на јавното претпријатие, каде што и тој бил вработен“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: