Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Содржината продолжува под рекламата
Пријавениот, во текот на 2022 година во Република Бугарија набавил фалсификувана бугарска возачка дозвола за управување со моторни возила и таквата фалсификувана возачка дозвола на 12.02.2023, при управување патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, ја дал на увид на полициски службеници кои вршеле редовна контрола. Притоа, било констатирано дека дозволата е фалсификувана.
Можеби ќе ве интересира: