Реклама

Еден велешанец е меѓу новите случаи на заразени со коронавирус

Еден нов заразен велешанец со коронавирус е регистриран во последните 24 часа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Тој е дел од десетте новозаразаени во целата земја во последното деноноќие. Освен во Велес, регистрирнани се шест заразени во Скопје, двајца во Куманово и еден во Прилеп.

Zito akcija 640x289px

„Во последните 24 часа, за жал, имаме и еден смртен случај. Почина еден пациент од Делчево на 60-годишна возраст, кој имал и други малигни заболувања“, рече министерот Филипче.

Agria

Тој соопшти дека во последниот деноноќие се направени вкупно 189 тестирања, со што процентот на позитивни во однос на направени тестови е 5,3 проценти.

Досега во земјава се регистрирани вкупно 1674 заразени со коронавирус, од кои 1205 оздравеле, 92 починаа, а 377 случаи се сеуште активни.