Реклама

Министерот Спасовски во Велес: Откривачката активност, кога зборуваме за вкупниот криминалитет, бележи зголемување за 11 отсто

Spasovski vo Veles so Sasko Opas

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во СВР Велес ја продолжи серијата посети на секторите за внатрешни работи во државата во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи со наслов „Отворен кабинет“  како дел од концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.

Zito akcija 640x289px
Spasovski vo Veles sredbi so gragjani

„Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам мислењата на граѓаните како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, да се грижиме за нивната безбедност“, истакна Спасовски. Информира дека утринава оствари и работна средба со раководството на овој сектор, од кој беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Велес, состојбите со криминалитетот, како и активностите што ги преземаат полициските службеници во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста на подрачјето на секторот и заштита на граѓаните.

Agria

„Во согласност со презентираните показатели, безбедносната состојба на ова подрачје е поволна, што е особено важно за локалната заедница, но и во рамките на генералната безбедносна оценка за државата. Вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Велес во изминатите девет месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи намалување за 3 %. Откривачката активност, кога зборуваме за вкупниот криминалитет, бележи зголемување за 11% во првите девет месеци од оваа година споредбено со истиот период лани. Во делот на тешките кражби, во текот на 2023 година имаме намалување на овој вид пријавени кривични дела за 28 %, споредбено со истиот период 2022 година, а намалување за 57 % бележиме и во делот на економскиот криминал. Покрај ова, за 17 % се намалени прекршоците во 2023 година во делот на јавниот ред и мир компаративно со деветте месеци од 2022 година. Исто така, во однос на безбедноста на сообраќајот, со задоволство можам да констатирам дека евидентирано е намалување за 3 % на сообраќајните несреќи со потешки последици, а само во првите 9 месеци од оваа година реализирани се 783 превентивни активности на различни теми на подрачјето на СВР Велес”, информира министерот Спасовски со уверување дека и во наредниот период на ова подрачје ќе продолжи зголемената динамика како на превентивните активности така и на репресивните мерки, а средбите со граѓаните во рамките на „Отворен кабинет“ ќе бидат мотив повеќе за уште подобри резултати.

Spasovski vo Veles

Спасовски информира дека посетата на СВР Велес попладнево ќе ја искористи заедно со раководство на овој сектор да направи увид на активностите што ги вршат полициските службеници на терен.

Можеби ќе ве интересира: