Викендов ќе се одигра шестото коло од Третата фудбалска лига – Југ. Дербито ќе се одигра на стадионот во насебата Превалец, помеѓу двете досега непоразени екипи во првенството, Превалец и Борец.
Содржината продолжува под рекламата
Од фудбалскиот клуб Превалец, очекуваат овој натпревар да привлече голем интерес и во недела на игралиштето во Превалец да има присуство на многу гледачи кој ќе проследат квалитетен и интересен натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
„Ја почитуваме екипата на ФК Борец која пред почетокот на првенството најави борба за првото место и враќање во Втората лига каде што настапуваа во претходната сезона. Очекувам натпреварот да биде квалитетен и до крај неизвесен, со прикажана добра игра од фудбалерите на двете екипи. Сепак, и ФК Превалец има солидна и квалитетна екипа каде што има спој на искуство и младост и каде што во континуитет со години наназад успешно настапуваме во третата фудбалска лига Југ“, изјави Димче Маневски тренер на ФК Превалец.
Здравствениот билтен на сите играчи кои се во ростерот на ФК Превалец е одличен ,во клубот нема играчи со суспензија, па тренерот Маневски ќе биде на слатки маки да го состави тимот. Велешка судиска тројка Боби Величков, Александар Ајадаров и Роберт Црвенов ќе го судат ова дерби.
„Фудбалот треба да не зближува. Да градиме коректни и пријателски односи помеѓу клубовите.
Поголемиот дел од сите играчи кои ќе настапат на натпреварот меѓусебно се познаваат, комуницираат и се пријатели надвор од фудбалскиот терен. Во недела, натпреварот нека биде празник на фудбалот во Велес и подобрата екипа нека победи“, порача тренерот на ФК Превалец Димче Маневски.
Од клубот ги повикаа своите симпатизери и навивачи да бидат присутни во што поголем број и да им дадат поддршка. Натпреварот ќе се одигра во недела (22.10.2023) со почеток од 14.00 часот, во Превалец
Можеби ќе ве интересира: