Реклама

Поради кражба приведен 19-годишен велешанец

На 20.10.2023 во 12 40 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д. (19) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ по член 236 ст.1 вв. 3 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Тој околу 11.55 часот од бутик во Велес одзел производи, но бил забележан од вработената која успеала да го врати одземеното, а набрзо бил пронајден од полициски службеници и приведен во полициска станица.

Agria

За настанот известен јавен обвинител и по негово документирање против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава

Можеби ќе ве интересира: