Со мечевите од 1 коло викендов започнува новата одбојкарска сезона 2023/24 во Македонија во сите конкуренции. Вицешампионот од минатата година екипата на Борец, првенството ќе го започне со гостување во Штип, против видно засилената екипа на УГД Штип.
Содржината продолжува под рекламата
УГД Штип за ова сезона се засили со Костадин Ричлиев, Стефан Алексов, како и тројца странци, додека Борец го напуштија Никола Георгиев, Дејан Димовски, Жарко Колев, Сашко Ивковиќ, Марко Димоски и Јован Шапе.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра во салата Јордан Мијалков во Штип, со почеток од 15 часот.
Можеби ќе ве интересира: