Кошаркарите на Борец Баскет не успеаја повторно да се вратат со цел плен од гостувањето во Скопје. Во рамки на третото коло од Втората кошаркарска лига, велешани се поразени од Ангели со 81:65.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините уште од самиот почеток ја презедоа контролата на играта. Веќе во 7 минута Ангели имаа двоцифрена предност 16:6, но тука застана. Им дозволија на велешани да направат серија од 8:0 и првата четвртина домашниот состав ја заврши со осум поени предност.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот период Ангели во 27 минута водеа и со најголеми +21, 49:28, но повторно пад во играта кој велешани го искористија да намалат на полувреме на 51:36.
Иако во вториот дел Борец Баскет дојде и на -10, 61:51, домаќините рутинско зао завршија натпреварот за конечни 81:65. Во наредното коло Борец Баскет ќе го пречека составот на Партизан Водно Санс.
Можеби ќе ве интересира: