Реклама

Комисијата за заразни болести предлага да се почне со олабавување на мерките

Отворање на центрите за едукација, испитните центри, спортските обложувалници и затворените трговски центри оваа недела ќе предложи до Владата Комисијата за заразни болести, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овие дејности би функционирале во времето кога нема полициски час. Промени во полицискиот час засега не се планираат.

Zito akcija 640x289px

„Сето ова е согласно критериумите, според кои мора сите субјекти да се придржуваат до носење заштита, како и одреден број присутни. После следењето на епидемиолошката состојба, следува отворањето на угостителските објекти. Меѓу сите овие препораки, детално ќе се следи епидемиолошката состојба. Ова е планот кој сега го поднесуваме до Владата. Постепено го враќаме животот во нормала, работните процеси во однос на стопанството, со одредени протоколи, задолжителната дистанца, носењето маска“, рече министерот Филипче.

Agria

Според состојбата, за наредната недела е предвидено да се отворат кафулињата и рестораните. По ова, на 25 мај би следувало отварање на објекти со игри на среќа, автомати, клубови, теретани, базени и хотели.

„Комисијата за заразни болести согласно досегашните трендови на ширење на вирусот на свестко ниво и согласно многу студии кои се објавија и сознанија, подготви научно издржани претпоставки за тоа, како може да се развива состојбата со вирусот. Се очекува стабилизација на ширење на вирусот, но сме свесни дека целосно исчезнување тешко е да се очекува. Согласно сегашната состојба, во следните два месеци очекуваме намалување на ширење на вирусот. Нешто што очекуваме да придонесе се и високите температури, кои ќе го ослабнат вирусот и ќе го намалат преносот“, смета Филипче.

Тој очекува компаниите и организациите да се придржуваат до мерките и протоколите, што ќе биде услов за понатамошно отварање и враќање на целиот работен процес во државата. Полицискиот час засега нема најава дека ќе се укине, а денеска не беше соопштен ниту предлог за постепено отворање на границите за влез и излез на домашни и странски лица во земјава.