Четврти последователен пораз за младите фудбалерки на Борец, повторно без постигнат гол. На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, тие беа надиграни од екипата на Плачковица со резултат 0:6.
Содржината продолжува под рекламата
Велешанки беа достоен противник само во првото полувреме, кое заврши со резултат 0:1, со погодокот на Кристина Василева во 8 минута. Во вторит делод 51 минута до 78 минута примија уште пет погодоци. Тодорова постигна два гола, во 51 и 64 минута, Зорица Бојкова 57 минута, Тамара Криленкова 75 минута и Ивона Стојкова 78 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Во последното коло од првиот круг на Втората женска фудбалска лига, фудбалерките на Борец ќе гостуваат во Македонски Брод кај екипата на Порече, која ова коло се поразени од Билјанини Извори и се наоѓаат на последното место на табелата без освоен бод.
Можеби ќе ве интересира: