По шест одиграни кола дојде до смена на врвот во Третата фудбалска лига – Југ. На дербито на колото Превалец и Борец ремизираа и останаа непоразени во досегашниот дел од првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Сето тоа го искористи екипата на Големо Коњари, која со победата над Младост Кривогаштани од 2:0, изби на чеоло на табелата со 12 бода. Во недела повторно дерби, овој пат на стадионот „Зоран Паунов“, Борец ќе го пречека Големо Коњари.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари од шестото коло, Марена со головите на Дарко Нацев и Јован Камчев, ја совлада Слога, Росоман го совлада Бучин со 8:1, а во Крушево Питу Гули го совалада Ултрас со 6:2, слободна беше екипата на Локомотива од Градско.
Можеби ќе ве интересира: