Уште еден фудбалски бисер од Велес е во составот на селекцијата на Македонија до 17 години. Каменчо Андоновски потекнува од школата на Борец Јуниор, но моментално е член на Работнички. Тој заедно со Един Етоски ќе се обидат да обезбедат пласман во следната рунда квалификации за ЕП 2024-та на Кипар.
Содржината продолжува под рекламата
Квалификациите Македонија ги започна со тежок пораз од 4:0 од Словачка, а Андоновски го одигра целиот натпревар. Во 2 коло закажано за сабота (28 октомври), Македонија ќе игра против топ фаворитот Шпанија која денеска ја победи Малта со 7:0. Домашната селекција на Малта ќе биде последен противник во мечот закажан за 31 октомври (вторник).
Содржината продолжува под рекламата
Директен пласман во следната рунда ќе обезбедат двете прво пласирани селекции, како и петте најдобро трето рангирани селекции од сите групи.
Можеби ќе ве интересира: