Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Од 28.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 47,174 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: