Реклама

Патници заглавени во возот Скопје-Велес кој удрил во предмет на пругата

Патници од возот Скопје-Велес три и половина часа беа заглавени, откако возот кој од главниот град тргнал во 16:55 часот, удрил во некаков железен предмет.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Патниците молеа за помош, оти местото на кое возот застанал било небезбедно, а возот бил преполн со мали деца и стари луѓе. Тие велат дека се чекало да пристигне полиција на местото на инцидентот. Возот тргнал кон Велес околу 21:40 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Македонските железници се во катастрофална состојба и вакви инциденти се сѐ почести. Пред неколку дена МЖ соопшти дека ги укинува сите возови на релација Битола-Скопје, освен еден, кој од градот на конзулите тргнува во 3 часот наутро.

Можеби ќе ве интересира: