Свечено доделени сертификатите на првите техничари образувани во „Брако“

Brako diplomi sertifikati

Велешката компанија БРАКО е  еден од стопанските партнери во програмата за Дуално стручно образование и изминатите неколку години активно учествува во создавање на стручен кадар од областа на современото машинство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На првите техничари образувани во БРАКО во рамките на програмата за Дуално стручно образование по германски модел, свечено им беа доделени сертификати во рамки на бизнис настанот Suppliers Balkan Expo -SUBEX, организиран од Делегацијата на германско стопнаство – АХК Македонија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со овој сертификат се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил и е подготвен директно да се вклучи во производствените технолошки процеси.

„БРАКО е современа компанија од областа на метало-преработувачкиот сектор каде учениците ги применуваат стекнатите теоретски знаења од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес. Сертификатите за Техничар за производно машинство им ги врачи директорката на Делегацијата на германско стопанство во Македонија, Антје Ванделт“ – истакна Олгица Минова ,сертифициран ментор за Дуално образование во БРАКО.

Интересот за учење преку работа кај младите лица е се поголем и бројот на ученици кои се запишуваат во  средните стручни училишта и се образуваат по системот на дуално образование од година во година е се поголем.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: