Фудбалерите на Борец во бледа игра го доживеаја првиот пораз во првенството од Големо Коњари со резултат 1:3, во рамки на 7 коло на Третата фудбалска лига – Југ.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите дојдоа во водство преку Ерџан Ибраимоски во 30 минута, по големата грешка на домашниот голман Димитриевски. Зголеми Мустафа Селманоски во 45 минута по еден брз соло пробив. Веќе во 55. минута Николче Касниоски од пенал зголеми на 3:0 за Големо Коњари, а единствениот гол за Борец е автогол на Борче Макешоски во 74. минута.
Содржината продолжува под рекламата
По седум одиграни кола Борец падна четвртата позиција и заостанува четри бода зад лидерот Големо Коњари. Во следното коло Борец гостува во Кривогаштани на екипата на Младост која се наоѓа на шестата позиција со 10 освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: