Репрезентацијата на Македонија до 17 години разочараа со резултатите на квалификацискиот турнир, одржан во Сентинари во Та’Али на Малта. По двата порази од Словачка и Шпанија, денес ремизираа со домаќинот Малта 1:1 и со тоа го освои и последното место во квалификационата група.
Содржината продолжува под рекламата
Единствениот гол за македонската селекција го постигна Етоски во 38.минута, а домашните израмнија во судиското продолжение со голот на Мелило.. Голот на Етоски, беше и единствен на турнирот за македонската репрезентација до 17 години.
Содржината продолжува под рекламата
Сите натпревари ги одигра и велешанецот Каменчо Андоновски, кој моментално е член на Работнички.
Можеби ќе ве интересира: