Реклама

Променливо облачно со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, кој во западните делови од земјата ќе биде умерен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 7 до 14 степени, а попладне од 13 до 23 Целзиусови степени.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Велес, времето денеска ќе биде, променливо облачно. Претпладне ќе има повремен дожд, а попладне ќе биде умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а попладне ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според прогнозата на УХМР, утре, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Попладне и особено во текот на ноќта се очекува да има врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час.

Можеби ќе ве интересира: