Приведена жена од Чашка, го нападнала сопругот со остар предмет

Семејна драма се случувала вчера во Чашка. 23 годишна жителка на општина Чашка го нападнала својот сопруг со остар предмет и фрлала кон него разни предмети.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 05.11.2023 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ја лишиле
од слобода А.Ц.(23) од општина Чашка затоа што во семејниот дом, по кратка расправија, фрлала
разни предмети кон нејзиниот сопруг, по што се обидела да го нападне со остар предмет“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица и остриот предмет бил одземен. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира: