Еден заразен и еден починат велешанец од коронавирус се регистрирани во последните 24 часа. Во Општата болница во Велес почина пациент на 76 години, хоспитализиран на 6 мај. Тој е петтата жртва на коронавирус во Велес.
Во последното деноноќие се регистрирани уште два смртни случаи. Пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај.
Во песледните 24 часа се регистрирани нови 20 заразени и тоа:
– Скопје 10
– Прилеп 5
– Тетово 4
– Велес 1
Дваесетте новозаразени се откриени откако во последното деноноќие се направени 309 тестирања. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти и тоа:
– Скопје 12
– Прилеп 7
– Тетово 3
– Кавадарци 1
– Пехчево 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370.