Се заострува борбата за врвот на табелата во Третата фудбалска лига – Југ. По осум одиграни кола тимот од велешката населба Превалец е сеуште непоразена екипа во првенството. На стадионот во Превалец викендов беше совладана екипата на Локомотива од Градско со 3:1 и остана на втората позиција на табелата со 17 бода или еден помалку од лидерот Големо Коњари.
Содржината продолжува под рекламата
Содржината продолжува под рекламата
Борец се врати на победничките патеки по победата над Младост во Кривогаштани со резултат 4:3, иако играше 55 минути со играч помалку по исклучувањето на Јосиф Манасиев. Велешани се наоѓаат на третата позиција со 14 освоени бода.
На останатите натпревари, лидерот Големо Коњари лесно се справи со тимот на Ултрас, совладувајќи го со 6:2, Марена и Росоман одиграа натпревар без голови 0:0, додека Питу Гули го совлада фенерџијата Бучин со 3:0.
Можеби ќе ве интересира: