Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе биде од 3 до 7 Целзиусови степени, а во попладне од 15 до 24 Целзиусови степени.
Утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови.
Според синоптичарите, претпладне ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.
Можеби ќе ве интересира: