Австрискиот амбасадор Памер во посета на Брако заради воспоставување соработка на македонски и австриски компании

АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ПАМЕР ВО ПОСЕТА НА БРАКО ЗАРАДИ ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИ И АВСТРИСКИ КОМПАНИИ

Zito akcija 640x289px

Македонската компаниjа БРАКО имаше чест да биде посетена од амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер кој заедно со стопанственици од Австрија се запознаа со производството во фабриката, технолошката опременост и можноста за идна економска соработка меѓу стопанските субјекти од двете земји.

Agria

БРАКО ги презентираше пред посетителите своите четири производни програми: електрични возила за одржување хигиена во урбани средини, тешки метални конструкции и автоматизација, медицински мебел и опрема, и жичани производи.

Во текот на посетата, сопственикот на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, Кочо Анѓушев, му посака на австрискиот амбасадор Памер успешен мандат во Северна Македонија, изрази надеж за воспоставување соработка со австрискиот партнер и заедно со гостите беа разменети мислења во врска со состојбата во металопреработувачката индустрија кај нас и пошироко во регионот.

Со својата технологија од последната генерација и со автоматизацијата на значен дел од производството, БРАКО извезува висококвалитетни производи во Западна Европа под својот бренд, како и производи за познати светски брендови кои го избрале БРАКО како свој партнер, благодарение на квалитетното и професионално работење и навремената испорака.

ПР ТЕКСТ

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: