Реклама

Хулигани во Задар ја нападнаа делегацијата на Црвена Звезда

kk crvena zvezda

Голем скандал се случил доцна синоќа во Задар, каде во два одвоени инциденти се нападнати членови на раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и двајца новинари од Србија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Најпрви маскирани лица нападнале членови на Управниот одбор на белградскиот клуб, а потоа во друг инцидент исто така биле нападнати и двајца новинари од Србија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од таборот на “црвено-белите“ обвинуваат дека нападите се организирани од страна на едно исто лице, односно таксистот кој ги возел од аеродромот до хотелот и побараа натпреварот да се игра без публика, бидејќи се загрижени за својата безбедност.

Задарската полиција соопшти дека привела две лица поради напад на членовите на Управниот одбор на Црвена Звезда и српските новинари. Акцијата е завршена неколку часа по полноќ, а во тек се анализи дали имало уште некој вмешан во скандалот што се случи во хрватскиот град. Немилиот настан го осудија и од КК Задар, како и од АБА лигата. 

Можеби ќе ве интересира: