Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ).
Содржината продолжува под рекламата
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.
Содржината продолжува под рекламата
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 76,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,411 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,332 денари.
Можеби ќе ве интересира: