Јанкулоска: Oдлуката е морална сатисфакција за Миле Јанакиески, но ништо не го враќа загубеното време

gordana jankulovska
gordana jankulovska

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на социјалните мрежи ја коментира пресудата на Европскиот суд за човекови права, со која се утврди дека притворите за ексминистерот Миле Јанакиески биле незаконски.

Zito akcija 640x289px

Јанкулоска во објавата вели дека оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време.

Agria

Додава дека на денешен ден на ексминистерот првпат му беше определен притвор, а токму денес, по цели 5 години, Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода.

Претходно, Европскиот суд објави дека на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“. Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: