Реклама

Коронавирус и меѓу вработените во фабриката за автобуси „Ван Хоол“

vanhool

Најмалку еден вработен во фабриката за автобуси „Ван Хоол“ е позитивен на коронавирус, дознава Батали.нет. Неговиот резултат од тестот за Ковид-19 стигнал вчера. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова на прес конференцијата одржана денеска, прво одговори дека нема таква информација.

Zito akcija 640x289px

„Неколку пати дневно ДСЗИ е во комуникација со секој Центар за јавно здравје, во овој случај, вклучувајќи го ЦЈЗ Скопје или ЦЈЗ Велес, зависно од тоа под кој реон припаѓа и доколку има епидемиолошка анкета за позитивен или за лица кои треба да бидат во домашна изолација, како контакти, ние, заедно со нив, постапуваме веднаш. До овој момент, таков податок немаме“, рече на прес конференцијата Иринка Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

Agria

Сепак, набргу по завршувањето на прес конференцијата, преку порака Бухова ја потврди нашата информација.

„Лицето од Ван Хоол е позитивен од 12 мај. Се наоѓа на лекување на инфективното одделение во Општа болница Велес. Има четири контакти од работа, еден од Скопје и тројца од Велес и уште пет контакти од дома“, соопшти Иринка Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

Засега, не е познато дали заразениот вработен доаѓал на работа откако му е направен тест.