Реклама

Нуркачи ќе проверуваат зошто попушти мостот кај Стоби

zeleznicki-most-na-crna-1

Нуркачки тим на МВР ќе проверува каква е состојбата на темелот на разнишаниот столб на дното на реката Црна, откако завчера попушти конструкцијата на железничкиот мост кај Стоби. После таквата инспекција, ќе биде појасно какви зафати ќе се прават и колку време ќе се реконструира мостот.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Експертски тим на чело со деканот на Градежниот факултет Горан Марковски утрово повторно беа на терен и направија втор увид. Засега единствено се знае причината за оштетувањето, а тоа е поместувањето на еден од средните столбови на мостот, вели професорот Марковски.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Во меѓувреме, товарниот железнички сообраќај е во прекин, а патничкиот се одвива со автобуско премостување помеѓу Градско и Кукуричани. Мостот попушта завчера, само пет години откако му беше реконструиран првиот среден столб, кој во септември 2018-тата попушти како и вториот сега. Градежни експерти тогаш коментираа дека за поправка се и двата столба и дека треба напоредно да се работи на нив, но беше реконструиран само еден.

На сите проблеми со кои се соочуваат македонските железници се надоврза и овој. Се помалку возови сообраќаат по дотраените пруги и мостови. Двете јавни прептријатија на Македонски железници со години наназад бројат загуби, а државата цело време ги спасува со пари од буџетот. Ниту има доволно пари за модернизација, ниту пак нешто се работи во насока на приватизација.

Можеби ќе ве интересира: