(ВИДЕО) Пожар во фабрика за бои и лакови, побарарана помош од велешките пожарникари

pozar tetovo fabrika
pozar tetovo fabrika

Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа  бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.

Zito akcija 640x289px

„Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус  од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата“, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.

Agria

Поради сериозноста на пожарот итно е побарана и помош од велешките пожарникари, и од пожарните во Скопје, Гостивар и Куманово.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: