Здравите луѓе да не носат маски, штетни се, повторно апелираат од Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму велат дека маските се потребни само за оние кои се заразени со коронавирус или пак за луѓето кои се грижат за пациенти.
Според директорот за управување со вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан, во изјава која ја пренесува Си Ен Ен, тој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски има потенцијални придобивки.
„Неправилната употреба на маските може само да направи повеќе штета отколку добро, во борбата против ширењето на вирусот“, рече Рајан.
Тој вели дека според Светската здравствена организација, маските се единствено наменети за болните и за здравствените работници.
„Глобален проблем е недостигот од маски и од други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници, кои се изложени секоја секунда, секој ден. Помислата дека немаат маски е страшна“, изјави Рајан.