Реклама

(ВИДЕО+ФОТО) Автомобил полн со патници излета на пруга и во него удри воз во близина на Агриа

Воз удри во автомобил вечерва околу 19 часот, во близина на дирекцијата на Агриа, во близина на јужниот влез на Велес. Автомобилот излетал од коловозот и паднал на железничката пруга, а на него налетал воз кој се движел на линијата Велес – Гевгелија.

Zito akcija 640x289px

Во моментот на несреќата во возилото марка Рено имало пет патници, тројца мажи, една жена и дете. Еден од патниците е пренесен на клиниките во Скопје, а здравствената состојба на другите патници засега е непозната.

Agria

На местото на несреќата е единица на противпожарната бригада, а јавен обвинител со помош на полицијата врши увид. Железничкиот сообраќај на оваа меѓународна пруга е во прекин.

Екипата на Батали.нет која ги испрати овие фотографии и снимка е на местото на несреќата. Повеќе информации и фотографии очекуваме доцна во ноќта или утре наутро.