На денешен ден, во 1939 г. во Хрватска излезе „Бели мугри“ од Кочо Рацин, антологија на болките и страдањата на македонскиот народ. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна.
Содржината продолжува под рекламата
Историчарите на македонската современа книжевност напишале: Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ – експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова, таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставува стремеж за афирмација на македонската национална култура.
Содржината продолжува под рекламата
Стихозбирката „Бели мугри“ е составена од 12 песни, во 5 циклуси напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот на стихозбирката е симболичен – пејзаж кој е посакуван од работниците, аргатите и сите експлоатирани луѓе. Тоа е ново утро, нов почеток, нов живот во кој сите ќе бидат еднакви.
По повод 84 години од излегување од печат на „Бели мугри“, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, е поставена изложба на примероци од книгата.
Можеби ќе ве интересира: