Mајка од Велес пронашла дрога кај малолетниот син и го одвела во полиција

Veles od drn NOemvri 2022
Veles od drn NOemvri 2022

Велешанка на возраст од 48 години пред два дена го одвела својот малолетен син во полициската станица во Велес, бидејќи кај него пронашла бела грутчеста материја и две пакувања со марихуана.

Zito akcija 640x289px

Таа ја предала пронајдената дрога во Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, и оттаму го потврдија случајот, пренесува Фокус.

Agria

Информираат дека се преземаат мерки за расчистување на истиот. Иако е реткост родител да пријави свое дете поради сомнение за прекршок или кривично дело, сепак регистрирани се и такви случаи во земјава.

Пред неколку години во Неготино се случи мајка да го одведе синот во полиција, откако дознала дека извршил кражба во казино.

По објавата на веста, јавноста ја поздрави одлуката на мајката, со порака дека секој родител треба да постапи совесно во такви ситуации, и наместо да прикрива, отворено да алармира и да бара соодветно решение за настанатата ситуација, со цел истата да не се повтори и во иднина.

Извор на веста: Fokus.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: