Пред многубројните присутни во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовирана стихозбирката „Македонствување“, две стихозбирки обединети под поетски манифест , од нашата роднокрајна авторка Десанка Николова, во издание на Издавачката куќа ,,Збор”.
Содржината продолжува под рекламата
Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Збор“ се обрати со осврт кон творештвото на авторката.
Содржината продолжува под рекламата
„Македонствување е воскреснување и чување на сѐ наше македонско, Македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет, македонските духовни вредности. Две книги во една. Македонштина исткаена во стихови! Секој стих е борба за Македонија. За нашата татковина, која вековно е поробена. Од душамни туѓи, но и клетници свои. Како некое проклетие низ вековите да ја гази, како клетва судбата да и ја мати, па тага македонските мајки мора вековно да ги прати“, истакна промоторот Анита Станинова Мирчева.
„Јас мојата македонштина ви ја исткајав во стихови. Не само во стиховите од Грутка во грлото кои се патриотска лирика туку во целиот поетски манифест. Оти таа е тука, во мене, во тебе… чиниш се притаила таму некаде меѓу редовите на пожолтените, со мирис на восок црковни книги, се притаила под прагот на манастирските врати, чии камбани, тревожно биејќи, го повикуваат народот на будење. Македонштината е во молитвата изговорена на нашиот древен јазик, таа е во шепотот кој го изговараме , клекнати пред иконата и кандилото кога просиме божја милост, таа е во песните, во тажачките, таа е во тишината меѓу два збора и две мисли… Затоа Македонствувајте! Македонствувајте за да опстпоиме, за да постоиме“, изјави авторката Десанка Николова.
Свој музички перформанс имааа Михаил Петковски и Кристина Станишева, како и Ива Ракиџиева и Филип Настов. Децата од МДПС „Премиера“,со убав перформанс го доловија вистинското значење на стиховите.
Можеби ќе ве интересира: