Реклама

(ВИДЕО) Благој Шалев: Пред 20 години во Брако започнавме со многу ограничени ресурси но со многу голем ентизијазам

Шалев ко-сопственик на БРАКО, дел од помладата генерација, во своето обраќање на 20 годишнината потсети на почетоците, кога фабриката започна со ограничени ресурси, со стотина вработени и 400 тони готов жичен производ, но со нов менаџмент кој имаше јасна визија, желба за работа и храброст.

Zito akcija 640x289px

Во овие 20 години БРАКО постојано растеше и се развиваше во согласност со модерните трендови во метало-преработувачката индустрија. Инвестиравме во современи машини и обезбедуваме современи услови за работа. Денес БРАКО има над 650 вработени и четири производствени целини кои ги реализираат медицинската програма, жичаната програма, производи од тешки метални конструкции, како и атрактивните и светски познати возила за хигиена од брендот Грин Машинс, кои се продаваат во над 60 земји во светот на сите континенти, со огромен број на клиенти“, нагласи Шалев пред присутните гости.

Agria

Ко-сопственикот на БРАКО, во име на целиот менаџмент упати честитки до вработените во фабриката, особено до оние кои се веќе 20 години дел од колективот, со чија поддршка се надминати сите предизвици и се постигнати одлични резултати во работата. Тој најави уште многу успешни проекти на БРАКО, креирање на софистицирани и технолошко напредни производи со највисоки стандарди со кои во иднина ќе се освојуваат нови пазари и ќе продолжи растот на фабриката.

Можеби ќе ве интересира: