Главниот град Скопје е домаќин на 30. Министерски совет на организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ.
Станува збор за најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на организацијата и земји партнери.присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот исток и централна Азија.
И министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ. Лавров на влезот кон салата не застана да даде изјави за медумите. Тој беше дочекан од домаќинот – претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи.
Поради одржувањето на министерскиот состанок, денеска е неработен ден за државната и јавната администрација, и за основните и средните училишта на подрачјето на главниот град, a дел од сообраќајниците низ градот по кои ќе минуваат странските делегации и денеска ќе бидат затворени за сообраќај. Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Можеби ќе ве интересира: