Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција изјави дека се преземаат опсежни активности за пронаоѓање на 14-годишна Вања Ѓорчевска, која исчезна во понеделникот на пат кон училиште.
Спасовски вели дека се сослушани десетици лица и дека се вештачат електронските уреди од семејството и од девојчето.
„Се пребаруваше и речното корито на Вардар, се пребаруваат сите подрумските простори не само во околината, туку и пошироко. Се работеше и на добивање податоци од црквите и манастирите во околисната на Скопје и тука нема да се застане, интензивно се работи“, порача Спасовски.
Можеби ќе ве интересира: