Со одигрувањто на одложените натпревари од 11 коло, поради завејаните терени, заврши есенската полусезона во Третата фудбалска лига – Југ. Големо Коњари е есенски првак, а со заостанување од два бода го следат велешките клубови Борец и Превалец.
Содржината продолжува под рекламата
Денес во Лажани, екипите на Слога и Големо Коњари ги поделија бодовите одигрувајќи нерешено 0:0, Бучин го забележа и десетиот пораз од екипата на Младост со резултат 3:5, а Ултрас, во Прилеп го совлада составот на Марена со 2:0. Претходно Борец ја совлада Локомотива во Градско со 3:0, а Росоман му го нанесе првиот пораз на Превалец со 2:1.
Содржината продолжува под рекламата
Есенски шампион е екипата на Големо Коњари со освоени 25 бода, два повеќе од Борец и Превалец кои имаат 23 бода. Одлучувачки ќе бидат натпреварите во Коњари, бидејќи и Борец и Превалец ќе гостуваат во ова прилепско село.
Можеби ќе ве интересира: