Јавното обвинителство побара од Кривичниот суд притвор за три од петте лица, кои полицијата, како што вчера соопшти министерот Оливер Спасовски, ги приведе во врска со исчезнувањето на девојчето Вања Ѓорчевска.
Од обинителството велат дека по целодневно собирање на докази, е побарано за трите лица да се изрече 48 часовен притвор за да се обезбеди нивно присуство во понатамошната постапка.
Од МВР и од Обвинителството апелираат да не се објавуваат непроверени информации и укажуваат дека се работи за сензитивен случај. Други податоци не се соопштуваат.
„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, се вели во соопштението на ЈО.
Спасовски рече дека покрај петте лица обезбедено е и едно возило кое е одземено и дека истрагата за случајот продолжува и дека нови информации ќе бидат споделени кога ќе може конкретно нешто да биде соопштено.
Четрнаесетгодишната Вања Ѓорчевска исчезна пред седум дена во центарот на Скопје, кога утрото тргнала кон училиштето „Песталоци“.
Во потрагата по девојчето се вклучени и државите од регионот, потерницата е објавена и преку Интерпол.
Можеби ќе ве интересира: