Велешкиот фризер Панче Жежовски бил убиен и закопан во атарот на велешки Рудник, на 3,5 километри од селото.
Содржината продолжува под рекламата
Дупката во која е пронајдено неговото тело е длабока повеќе од 3 метри и е со правилен кружен облик, што укажува на тоа дека дупката била претходно подготвувана, можеби за други намени.
Содржината продолжува под рекламата
Телото на 74-годишниот Панче Жежовски беше пронајдено вчера, откако тројцата од петтемина осомничени го признаа делото и ја однесоа полицијата на местото.
Првоосомничен е скопскиот бизнисмен и политичар Љупчо Палевски – Палчо, за кого се тврди дека го убил и Панче Жежовски, но и 14-годишната Вања Ѓорчевска. Тој е недостапен за органите на прогонот. Нему му помагале велешаните Велибор Манев и Боре Видевски и штипjанецот Влатко Кешишов, кои добија 48-часовен притвор. Петтиот осомничен е таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.
Телото на Вања е пројдено вчера во атарот на скопското село Бразда, на истото место каде што пред неколку дена беше пронајден и автомобилот на Жежовски, со кој е киднапирано девојчето.
Можеби ќе ве интересира: