Реклама

(ВИДЕО) 30 дена притвор за четворицата осомничени за убиствата на Вања и Панче

Nosenje ubijci na sud

Судија на предходна постапка определи притвор за сите четворица осомничени како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик во траење од 30 дена.

Zito akcija 640x289px

Осомничените во судот пристигнаа со силно полициско обезбедување, лисици на рацете, со избричени глави и целосни затворски одела.

Agria
velibor Manev

Четворица осомничени веќе се наоѓаа во 48-часовен притвор.

Како што предходно соопшти ОЈО постои основано сомнение дека на 22 ноември, четворица од осомничените, по претходен договор и заедно, извршиле грабнување на Панче Жежовски од неговиот дом во Велес со намера да го присилат да го даде неговиот автомобил Цитроен за тие да го искористат за грабнување на малолетно лице во Скопје. Откако влегле во неговиот дом, физички го нападнале, го врзале и со автомобил го однеле во близина на селото Рудник, каде со учество на дејствие на извршување и со друг особен придонес кон извршување на делото, од користољубие и на свиреп начин го лишиле од живот со истрел од огнено оружје од еден од осомничените.

На 27 ноември четворицата осомничени, помогнати од петтиот, извршиле грабнување на малолетно лице со намера да присилат член на  нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп на детето. Притоа го искористиле и одземениот автомобил. Подоцна на свиреп начин и со умисла ја лишиле од живот жртвата, а со претходно купен бензин го запалиле автомобилот Цитроен.

Можеби ќе ве интересира: