Боречкиот клуб Борец ќе се престави на Меѓународниот турнир во борење слободен стил за деца и пионери „Победник 2023“ во Белград со нова опрема.
Содржината продолжува под рекламата
Мики Алексовски, татко на едно од децата кои успешно се борат за клубот, и голем љубител на борењето, донира опрема во која ќе бидат облечени борачите за време на турнирот „Победник“ 2023, во Белград.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот се надеваат дека достојно ќе го претстават градот Велес и Боречкиот клуб Борец како и македонското борење, и посакуваат да има што е можно повеќе совесни родители, и љубители на спортот кои ќе помагаат.
Можеби ќе ве интересира: